Во тимот на Гвардиола нема место за недисциплинираните

Трофејниот шпански фудбалски стратег Пеп Гвардиола не крие дека Фил Фоден и Џек Грилиш, не биле во составот на актуелниот англиски шампион и лидер во премиерлигашката конкуренција Манчестер сити против Њукасл поради казна изречена од негова страна.

-Не ротирав, туку играа тие што заслужија. Има и играчи што не заслужија да настапат и не беа со нас, изјави Гвардиола по мечот со Њукасл одигран викендов каде победија со 4:0 во рамките од 18. коло.

Двајцата млади фудбалери на трансфер пазарот чинат околу 200 милиони евра, но тоа не го поколебало Гвардиола да ги одстарни од тимот откако заминале на забава без дозвола од клубот по победата против Лидс од 7:0. Не се знае до кога ќе трае казната за двајцата играчи кои се и репрезентативци на Англија.

Англиските медиуми објавија дека Фоден, кој е проценет на 80 милиони евра, и Грилиш, за кого Сити ѝ плати на Атсон вила 117 милиони евра, биле во алкохолизирана состојба, па утрото мамурни се појавиле и на тренинг.

 

Треба да знаете
Последни објави