Џенова и откина бодови на Аталанта, Јувентус сигурен во Торино (ВИДЕО)

Џенова во рамките од 19 коло во најсилното италијанско првенство пред своите навивачи ремизираше без голови (0:0) со Аталанта.

Македонскиот напаѓач Горан Пандев за домашната екипа на стадионот „Луиџи Ферарис“ настапи од 72 минута како замена за Дестро.

Јувентус ја оправда фаворитската улога на домашен терен против Торино славејќи против Каљари (2:0). Стрелци на головите за „Старата дама“ беа Кин во 40 и Бернардески во 83 минута.

Џенова која и сезонава се бори за опстанок во Серија А се наоѓа во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со 11 бодови, додека Аталанта направи чекор назад со денешното реми во борбата за Скудетото и остана на четвртото место со 38 бодови.

Јуве со денешниот 10 триумф е на петтата позиција со 34 бодови, додека Каљари е на 19 место со 10 бодови.

Треба да знаете
Последни објави