Мертенс: На Елмас му веруваме, но тука сме понекогаш да го „разбудиме“

Македонскиот фудбалски репрезентативец Eлиф Елмас и белгискиот Дрис Мертес се добри пријателит и соработници во тимот на италјанскиот калчолигаш Наполи. Елмас сезонава игра во добра форма, а беше во центарот на вниманието и минатиотиов викенд кога со погодок му донесе победа на Наполи во дербиот против Милан на „Сан Сиро“ (0:1).

-Му верувам на Елмас, но некогаш морам да го разбудам затоа што тој знае да заспие. Кога знаете колку е силен морате да се потрудите да го разбудите. Мора постојат да биде буден. Оваа година е навистина многу добар, тренерот исто така му верува, а тоа му дава самодоверба. Сепак, не сум задолжен само јас да го будам, тука се Кулибали и Инисње кои го прават истото, изјави Мертенс.

Во Наполи, Мертенс пристигна во 2013 година и од тогаш одигра повеќе од 300 натпревари во дресот на овој клуб и стана најдобар стрелец на сите времиња поминувајќи го Марек Хамшик.

Треба да знаете
Последни објави