(Видео) Ембид го наполни кошот на Бостон

Џоел Ембид, центарот на Филаделфија, одигра беспрекорен натпревар против Бостон селтикс и е најзаслужен за гостинскиот тирумф на неговиот тим од 108:103 во кошаркарската НБА-лига. Ембид беше незадржлив за домаќините и мечот го заврши со 41 поен и 10 скока  Со ваков шутерски скор Ембид беше најефикасниот кошаркар на сите шест меча што се играа ноќеска во НБА-лигата.

Голден Стејт предводен од Стив Кари победи на домашен терен против Сакраменто (113:98) и остана во чекор со водечкиот тим на западната конфренција Феникс. Домаќинорт имаше предност речиси целиот натпревар. Сакраменто поведе само еднаш во третиот период и тоа многу кратко, па сосема заслужено загубија. Кари со  30 поени беше најпрецизен играч на натпреварот, додека кај Сакраменто со „дабл-дабл“ ефект натпреаврот го заврши Халибуртон со 24 поени и 11 асистенции.

Резултати: Бостон – Филаделфија 103:108, Чикаго – Хјустон 133:118, Мемфис – Оклахома 99:102, Јута – Шарлот 112:102, Голден стејт – Сакраменто 113:98, Л.А. клиперс – Сан Антонио 92:116.

Треба да знаете
Последни објави