Анчелоти: Не сум сигурен дали треба да ја сменам формацијата за средбата со Атлетик

Тренерот на лидерот во шпанската фудбалска Ла Лига, Реал Мадрид, Карло Анчелоти сè уште не одлучил дали ќе го промени планот за игра на тимот за утрешната средба со Атлетик во Билбао од 21. коло.

– Утрешниот натпревар ќе биде многу тежок. Многу играчи ќе отсуствуваат, но ова е можност да ги покажат квалитетите другите играчи. Дали Азар ќе стартува утре? Мора да почекаме да видиме дали целосно закрепнал. Лука Модриќ сигурно ќе го пропушти натпреварот. Не може да тренира бидејќи не се чувствува добро. Тој е уморен, има температура и други симптоми. Бидејќи Модриќ и Касемиро не можат да играат, ова е шанса за Камавинга и Валверде. Дали ќе ја смениме формацијата не сум сигурен. Единствената причина да го сториме тоа би била доколку немаме десно крило. Потоа можеме да преминеме на 4-4-2. Ќе размислам вечерва. Винисиус е добро и сигурно ќе игра, изјави Анчелоти.

Натпреварот е закажан за утревечер со почеток во 21:30 часот.

Во пресрет на овој дуел Реал Мадрид е лидер на табелата во Ла Лига со 43 бода од 18 натпревари, додека Атлетик Билбао се наоѓа на 9. место со 24 бода исто така од 18 средби.

Треба да знаете
Последни објави