Претседателот на ИХФ не знаел што гледал на крајот од СП !?

Египќанецот Хасан Мустафа претседателот на Светската ракометна федерација (ИХФ), е здрел да замине во пензија оти прави се повеќе гафови ! Најновиот е на затворањето на 25. Светско првенство за жени каде не занеше на крајот иако ги гледал мечевите за распределба на медалите кој е конечениот редослед на мундијалот, па беше исвиркан од гледачите кои ги имаше 4.316 во шпанскиот град Гранољерс.

Хасан е претседател на ИХФ 21 година, а пред неколку недели по петти пат го ре-избраа на оваа функција. Мустафа им честиташе на победниците за посвоенот злато – Норвешка и тоа беше во ред, потоа следуваше бламажата, кога наместо Франција за второпласирана ја прогласи Данска !?

Во своето завршно обраќање Мустафа рекол: „Норвешка е светски шампион, а Данска второ место, а Франција трето место. Честитки за тимовите и многу среќа на сите тимови на следното Светско првенство.

Втора Данска?, запрашал Мустафа откако некој му сугерирал да се поправи, ама си продолжи по свое !?

Треба да знаете
Последни објави