Ненадејно почина Горан Собин кошаркарската легенда на Југопластика

Легендраниот кошаркар на сплитска Југопластика, Горан Собин ненадејно почина денеска во својата 59 година од животот како последица од срцев удар.

-Неочекувано не напушти легендарниот центар Горан Собин. Горан е роден на 3 септември 1963 година. Беше еден од столбовите на најсветлиот период на Југоплсатика со која освои две титули првак на Европа. Горане ти благодариме за се и „адио“ – напиша неговоит клуб од „Грипе“.

Собин беше член на незаборавната генерација на Југопластика која во сезоната 1989 година го донесе шампион трофејот од Европа во Сплит, а следната година истиот го одбрани. Во дресот на Југопластика освои три титули првак на Југаославија.

Во кариерата настапуваше и за Арис, Цибона, Загреб, Алкар и Таугрес (денешна Басконикја н.з.). Беше репрезентативец на Југаославија и Хрватска, а по завршувањето на играчката кариера ретко се појавуваше на кошаркарските настани.

 

Треба да знаете
Последни објави