Пиоли: Како може играч кој лежи на земја да е во активна офсајд позиција !?

Милан претрпе непријатен пораз од Наполи (0:1) на „Сан Сиро“ во 18. коло од италијанската фудбалска Серија А со погодокот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, со што беше прескокнат и на табелата од гостинот во трката за титулата. Милан по овој пораз падна на третото место поради послабата гол-разлика од Наполи со кого сега имаат еднаков број на бодови по 39, а лидер е актуелниот шампион Интер, кој сега има четири бодови предност пред овие две екипи кои му се најблиску во трката за Скудетото.

Ваквиот епилог го налути тренерот на Милан, Стефано Пиоли кој не може да се помири со поништениот гол во последната минута од мечот на неговиот играч Франк Кеси. Тој гол беше поништен по интервенција од ВАР собата поради офсјад на Оливие Жиру.

-Ќе кажат дека офсајд позицијата на Жиру е актина. Но, ако играчот лежи на земја како може да му пречи на одбранбениот фудбалер? Според мене тоа беше регуларен гол. Изгубивме во натпревар во кој не бевме надиграни, изјави Пиоли.

Треба да знаете
Последни објави