На Фејсбук се воведува промена за корисници со блокирани профили

Многу корисници се жалат за комуникацијата со поддршката на Фејсбук откако нивниот профил на таа социјална мрежа бил блокиран поради некоја причина. Поради многуте жалби, компанијата „Мета“ одлучи да воведе нова функција.

Станува збор за chat или онлајн разговор кој ќе им олесни на корисниците на Фејсбук кои немаат пристап до своите профили да контактираат со поддршката за корисници, пишува порталот „Индија тудеј“.

Ова може да биде од голема корист за луѓето кои сакаат да го вратат својот профил и поефикасно да го решат овој проблем.

Од „Мета“објавија дека започнале со тестирање на чат за корисници кои зборуваат англиски, а чии сметки се блокирани. Првиот тест се фокусира на корисници кои не можат да пристапат до својот профил поради невообичаена активност или прекршување на правилата на Фејсбук-заедницата.

Треба да знаете
Последни објави