Можела да заврши како Бритни Спирс: Џенифер Анистон откри нови детали од приватниот живот

Во новото интервју за „The Hollywood Reporter“ Џенифер Анистон (52) открила некои од причините поради кои, ‘за среќа’ избегнала поголеми јавни кризи откако станала славна како Рејчел Грин во „Пријатели“.

Поминаа 15 години од снимањето на првата сезона на „Пријатели“, а Џенифер и понатаму останала посветена на кариерата, но и скромна. Оваа актерка вешто ги избегнувала сите јавни кризи и инциденти низ кои поминувале останатите ѕвезди како што се Бритни Спирс и Линдзи Лохан.

Како успеала Џенифер да го издржи медиумскиот притисок?

„Божји дар за поддршка – имав само неколку паметни и позитивни луѓе околу мене“.

Актерката зборувала и за својата мајка, актерката Ненси Доу, која тешко се носела со славата – ‘со години била отуѓена’, рекла актерката и истакнала дека секогаш имала посебен однос со татка си, Џон Анистон.

„Пораснав гледајќи ја Ненси, која вечно глумеше жртва и не ми се допаѓаше како изгледаше тоа“, објаснила Џенифер.

„Знаев дека таа личност ми дава пример за она што никогаш не би сакала да бидам и никогаш нема да бидам тоа. Мислам дека тоа е отровна состојба која ја уништува душата. И слушни, зарем поради малку стрес би требало јавно да минувате низ јавни с*ања?“.

Анистон во интервјуто истакнала дека имала избор.

„Или ќе им се предадам на слатките и ќе живеам под покривач или ќе станам и ќе се обидам да најдам излез и попатно и ќе напредувам – тоа и го направив, најдов излез“, рекла актерката.

Треба да знаете
Последни објави