Канје Вест купи 4.000 божиќни играчки, го нарекоа модерен Дедо Мраз

Раперот Канје ‘Је“ Вест купи повеќе од 4.000 играчки за деца во неговиот роден град Чикаго, кои беа дистрибуирани во неделата.

Неговата донација е во рамки на добротворниот настан „Играчки за Енглвуд“ (Toys for Englewood) што се одржа во Kennedy King Gymnasium, објави „Еј-би-си 7 Чикаго“.

„Толку сум горда што Канје уште еднаш одговари на нашето барање да им помогне на децата од Енглвуд и пошироко“, изјави Стефани Колман, старешина во градскиот совет.

„Тој не ѝ е непознат на нашата заедница. Неговото присуство отсекогаш се чувствувало во нашите маала и сака да ги посетува, но овој Божиќ тој навистина беше нашиот модерен Дедо Мраз,“ рече Колман.

Таа додаде: „Вест е херој на родниот град кој секогаш е подготвен да помогне во потребите на заедницата“.

Треба да знаете
Последни објави