Директорот на Борусија откри каде ќе се пресели Халанд

Германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд не крие дека во моментов има листа со 25 имиња на клубови кои се заинтересирани за нивниот млад гол- мајстор, Норвежаенцот Ерлинг Халанд. Корпулентниот напаѓач кој има 21 година и на 75 натпревари за Борусија има постигнато 76 голови речиси сигурно на крајот на сезоната ќе ја промени средината. Извршниот директор на клубот Ханс-Јоаким Ватцке признава дека е се потешко да се издржи притисокот од големите фудбалски гигани кои лицитираат со понуди за да се задржи Халанд во редовите на „милионерите“.

Во моментов изгледа речиси невозможно Дортмунд да успее во таа намера иако клубот прави се да го задржи па се споменува дека му нуди нов договор според кој би заработувал 18 милиони евра годишно, што е највисока плата во историјата на клубот.

Германски Спорт1 неодамна изјави дека постои устен договор меѓу Халанд и Борусија дека клубот ќе го ослободи доколку за него дојде понуда од 100 милиони евра, но доколку ја даде клубот во кој играчот сака да се пресели, а таков е Реал Мадрид.

Спортскиот директор на Борусија, Михаел Зорк, призна Халанд би можел да го напушти Дортмунд доколку се задоволат апетитите на клубот, а Ватцке отиде чекор понатаму со најавата дека Реал Мадрид покажаува најголем интерес.

Треба да знаете
Последни објави