Гвардиола и покрај убедливата победа на Манчестер сити смета дека одиграле најлоша партија сезонава

Актуелниот шампион во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Манчестер сити ја предводи трката за титулата во тековната сезона. „Граѓаните“ како гости го совладаа Њукасл убедливо со 4:0 и стасаа до осмата последователна победа, но нивниот тренер Пеп Гвардиола не е задоволен од прикажаното. Трофејниот шпански стартег Гвардиола прикажаната игра на неговите избраници против претпоследниот тим на табелата во Премиер лигата Њукасл го опиша како најлоша партија оваа сезона.

-Резултатот според играта е сензационален. Претставата воопшто не беше добра. Посебно во првото полувреме, тоа беше можеби нашата најлоша игра во оваа полусезона. Разликата ја направи пооединечниот квалитет на играчите, но ова не е начинот на кој сакаме да играме, изјави Гвардиола.

Со овој триумф Манчестер сити постави рекорд во Премиер лигата, бидејќи тимот од „Етихад“ стана првиот со 34 победи во една календарска година, но и тоа не го поколеба Гвардиола да го каже она што го мисли за прокажаното на теренот.

По одиграни 18 кола Манчестер сити е прв со 44 бодови, пред Ливерпул со 41 и шест повеќе од третопалсираниот Челзи…

Треба да знаете
Последни објави