(Видео) Феникс нанижа 13. победа во низа

Изминатата вечер во коашркарската НБА лига се одиграа 10 натпревари. Минатогодишниот финалист Феникс продолжи да реди победи и стигна до 13. во низа, овојпат на гости кај Сан Антонио (111:115). За тимот од Аризона ова е трета најдолга победничка серија во историјата, а до новата победи ги предводеше Девин Букер со 23 поени. Феникс сега има 14 победи вкупно, со три порази, додека Сан Антонио е во криза, и има само четири победи во 16 меча.

Актуелниот шампион Милвоки лесно се справи со Орландо (123:92). Стратегот на Милвоки си дозволи во финишот и да ги одмара ѕвездите, бидејќи победникот беше решен пред да се огласи последниот звук на сирената. Сите стартери на Миловоки стигнаа до двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Џру Холидеј со 18 поени.

Кливленд на домашен терен беше поразен од Бруклин (112:117). Добро започнаа домаќините и на полувремето имаа позитивен. Сепак фаворитот во продолжени успеа да направи пресврт и да дојде до победата.Кевин Дурант беше најефикасниот со 27 поени.

Атланта влезе во добра серија и стигна до петтата победа во низа со што го продолжи патот кон плеј-офот. Хокси прашањето на победникот против Оклахома (113:101) го решија во првите три четвртини кога ја направија недостижната разлика. Богдан Богдановиќ одигра одличен натпревар и натпреварот го заврши со 13 поени. Најефикасниот беше Трае Јанг со 30 поени.

НБА Резултати:  Кливленд – Бруклин 112: 117, Вашингтон – Шарлот 103: 109, Атланта – Оклахома 113: 101, Бостон – Хјустон 108:90, Чикаго – Индијана 77: 109, Милвоки – Орландо 123:92, Њу Орлеанс – Минесота 96: 110, Сан Антонио – Феникс 111: 115, Јута – Мемфис 118: 119, Сакраменто – Филаделфија 94:102.

Треба да знаете
Последни објави