Прекината семејна веселба во Гостивар, приведен е сопственикот на ресторанот

Полицијата вчера приведе 32-годишен сопственик на угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здраствените прописи за време на епидемија.

По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои присуствувале на семејна веселба.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави