Триесет полицајци завршија обука на ФРОНТЕКС за откривање на фалсификувани документи и украдени возила

Во периодот од 19 до 30 октомври ,во Центарот за обука во Идризово експерти од Центарот при МВР на Република Северна Македонија заедно со експерти од Центарот за полициска обука и едукација од Сегед, Република Унгарија ги одржаа третата и четвртата обука на полициски службеници, а посветени на темите: “Експертиза на фалсификувани документи“ и  “Можности за откривање на украдени возила од голема вредност при гранична контрола на прва линија“.  

Овие обуки беа реализирани врз основа на работната програма на Фронтекс 2019/CFP/TRU/ /01 – “Развој и испорака на обука за гранична полиција и крајбрежна стража”,  грант што на почетокот на минатата година Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Центарот за полициска обука и едукација од Сегед -Република Унгарија, го добија со цел заедничко спроведување на проектот на Фронтекс  “Испорака на четирисуштински компатибилни Шенген обуки во Западен Балкан врз основа на CCC и SQF” (“4 Essential Schengen Compatible Trainings Delivery in the western Balkan based on CCC and SQF”), како дел одоваа работна програма.

Обуките успешно ги завршија 30 полициски службеници од Регионалниот Центар при Одделот за гранични работи и миграции кои се здобија со нови знаења и вештини од областа на откривање на фалсификувани документи и украдени возила од големо значење за граничните  премини при гранична контрола на прва линија.

Треба да знаете
Последни објави