Битиќи: Солидарноста во време на пандемија се искажува и преку директна поддршка

Солидарноста во време на пандемија се искажува и преку директна поддршка на домашните брендови, занаетчии и микро компании, напиша вицепремиерот Фатмир Битиќи на фејсбук и покажа каде се облекува, односно кој му ги шие костумите што ги носи.

 

„Секогаш треба да имаме на ум дека со секое наше купување, одлучуваме кои бизниси ги поддржуваме да опстојат и да се развиваат, а „Кројач Борче” е несомнено #домашен супер бренд, кој со својот квалитет и посветена работа секојдневно докажува дека заслужено треба да биде поддржан, напиша Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави