Арсенал по 14 години слави на „Олд Трафорд“ благодарение на Обамејанг (ВИДЕО)

Арсенал го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0 на „Олд Трафорд“ во дербито на англиската Премиер лига. Пјер-Емерик Обамејанг ја обезбеди победата на „топчиите“ со гол од пенал во 69 минута. Претходно Пол Погба го повлече противникот во сопствениот шеснаесетник, а судијата Мајкл Дин покажа на 11 метри.

Арсенал ја обезбеди првата првенствена победа над Јунајтед на „Олд Трафорд“ после 14 години. Тогаш славеа со 1:0 и сега славеа со истиот резултат.

Инаку Погба го направи третиот пенал откако на клупата е Оле Гунар Солскјер. На Французинот никако да му тргне како што треба. Таман ќе фати залет нешто го закочува и така постојано.

Треба да знаете
Последни објави