Сончево со мала до умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до 9, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.

Треба да знаете
Последни објави