Гол и асистенција на Ибрахимовиќ за три бода на Милан на гостувањето кај Удинезе

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го предводеше Милан до нова победа во Серија А. Тој забележа една асистенција и го постигна победничкиот гол за „росонерите” попладнево на гостувањето кај Удинезе (2:1). Ибрахимовиќ го постигна седмиот гол сезонава, прв стрелец е во лигата, а неговиот Милан е лидер со 16 бодови. Швеѓанецот постигна атрактивен погодок со ножички во 83-та и му донесе нова победа на својот тим.

По враќањето во Милан, Ибрахимовиќ има одиграно 22 натпревара и постигнато 17 голови и шест асистенции.

Милан со пет победи и еден нерешен исход е лидер на табелата во Серија А.

 

Треба да знаете
Последни објави