Во Хрватска 2.179 нови позитивни случаи на коронавирусот и 16 починати

Во последните 24 часа, од тестирани 8.026 примероци – 2.179 нови случаи на коронавирус се потврдени  во Хрватска, а 16 пациенти починале, соопшти денеска Националниот штаб. Со последните случаи, во Хрватска има вкупно 15.894 активни случаи.

Досега се евидентирани вкупно 51.495 лица заразени со новиот вирус, од кои 562 починале.

Вкупно се опоравија 35.039 лица, од кои 2.221 во последните 24 часа. Во моментов има 29.338 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 502.048 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави