ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и опстурира натчовечките напори на институциите и здравстените работници за справување со коронакризата

Во оваа сериозна ситуација, кога бројот на заразени со коронавирусот расте, а здравствениот систем и здравствените работници се под невиден притисок, Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, без трошка срам и одговорност излегува и критикува за набавка на болничко возило.
Што правеше ВМРО-ДПМНЕ 11 години !? – прашуваат од СДМС како реакција на прес-конференција одржана од пратеникот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов и додаваат:
-Наместо да инвестира во болници и училишта, расфрлаше стотици илјади евра за жални врби, бикови, лавови и слични фикс идеи на бегалецот Груевски, а народните пари завршуваа кај неколкумина од врхушката на белата палата.
Да не беа нивните непродуктивни трошења и криминали, државата денес ќе имаше повеќе пари за справување со здравствената и економска криза, која го парализира целиот свет.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на кризата ги кочи и опстурира натчовечките напори на институциите и здравстените работници за справување со коронакризата
Амбулантното возило, за кое обвинуваат, е обезбедено и до декември оваа година треба да пристигне во Струмичката болница.
Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија.
Во услови на кога пандемијата зема замав и здравствените системи на развиените држави тешко се справуваат со напливот на заразени, затоа сите граѓани треба да покажат солидарност и одговорност, да ги почитуваат протоколите, да носат маски и да не се групираат.
Треба да знаете
Последни објави