По 33 часа поминати под урнатините од земјотресот во Измир изваден е маж на 70-годишна возраст

Маж на 70-годишна возраст беше извлечен денес од урната зграда во западна Турција, откако беше закопан под урнатините 33 часа по силниот земјотрес што во петокот го погоди егејскиот брег на Турција и грчките острови.

Бројот на смртни случаи се искачи на 51, од кои 49 лица починаа во Турција, а двајца тинејџери на грчкиот остров Самос.

Турските власти соопштија дека 20 згради во областа Бајракли во Избир биле срушени, пренесува Ројтерс.

Во земјотресот повредени се 885 лица, од кои 15 се во критична состојба, изјави претседателот Таип Реџеп Таип Ердоган.

Службата за итни ситуации (АФАД) исто така објави дека по најсилниот земјотрес следувале уште 833 помали земјотреси, а 40 биле посилни од четири степени.

Продолжува потрагата по преживеани.

Треба да знаете
Последни објави