Митинзите на Трамп донеле повеќе од 30 илјади случаи на коронавирусот

Масовните предизборни митинзи на американскиот претседател Доналд Трамп доведоа до повеќе од 30.000 потврдени случаи на Ковид-19 и најверојатно предизвикале смрт на 700 Американци, се вели во новото истражување на Универзитетот Стенфорд.

Водачите на истражувањето внимателно следеле 18 митинзи на Трамп меѓу јуни и септември и нивните посетители до десет недели по митингот, пренесува агенцијата ДПА.

„Заедниците каде се одржуваа митинзите на Трамп платија висока цена во смисла на болест и смрт”, заклучија истражувачите.

Истражувањата покажаа дека стапката на ковид-19 често се зголемувала во заедниците што организираа митинзи во споредба со блиските градови кои Трамп не ги посетил.

„Постојат некои индикации дека почитувањето на здравствените упатства, како што е употребата на маски, се подобри на подоцнежните митинзи”, напишаа истражувачите.

На митинзите на Трамп, на посетителите им беа понудени маски и им беше измерена температурата, но многумина не носеа маски.

Портпаролот на неговиот противкандидат Џо Бајден остро ги критикуваше митинзите на Трамп како места на „супер ширење” на инфекција каде се прекршени сите здраворазумски здравствени правила.

Многу помалку луѓе присуствуваа на митинзите на Бајден, сите носеа маски и одржуваа физичка дистанца.

Треба да знаете
Последни објави