Брестовац остана без еден бек за дуелите со Финска и Швајцарија поради позитивен ковид тест

Данило Брестовац се соочува со нов корона-проблем пред стартот на подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство 2022 против Финска и Швајцарија.

На последните тестови позитивен е македонски репрезентативец кој беше член на националниот тим на последното Европско првенство. Овој ракометар дефинитивно отпаѓа од конкуренција за настап на претстојниот двомеч, со што значително се ослабува бековската лнија на стартот од новиот квалификациски циклус.

Првите проблеми со кои се соочи Брестовац се позитивните во стручниот штаб, па на местото на Матлиевски и Царчев, од утре доаѓаат Радослав Стојановиќ и Ице Соколески. Утре се очекува да се собере целата репрезентација која заедно ќе одработи два тренинга пред првиот меч против Финска кој се игра в среда во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави