Бејл со глава му донесе победа на Тотeнхем и го искачи на второто место во Премиерлигата (ВИДЕО)

Со голот првенец на Герет Бејл по враќањето во Лондон, Тотенхем славеше со 2:1 над Брајтон во последниот денешен меч од 7. коло на Премиер лигата. Велшанецот погоди само три минути откако влезе во игра за прв гол во дресот на Спарс по пауза од 7 години.

Тотенхем дојде до водсво прилично брзо. По само 12 минути главниот судија покажа на белата точка, а Хари Кејн беше прецизен реализатор на најстрогата казна за водство на Спарс од 1:0. Водството домашните го задржаа до крајот на првиот дел.

Во второто полувреме Брајтон заигра поцврсто и ги принуди домашните малку да се повлечат. По една интересна ситуација во 56. минута Лампти успеа да го совлада Лорис и да им донесе на гостите израмнување на 1:1.

Треба да знаете
Последни објави