Во Сарај санкционирани 211 возачи

Вкупно 211 мерки од кои 26 за возење без возачка дозвола, 31 за неисправни и нерегистрирани возила, како и 31 санкција за неносење заштитна маска, изрече вчера Министерството за внатрешни работи (МВР) само на територијата на Општина Сарај.

Како што соопшти МВР, засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

-Гграѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, апелира МВР.

Треба да знаете
Последни објави