МЗШВ одржа форум за унапредување на спроведувањето и користењето на ИПАРД 2

– Секторот за управување со ИПАРД фондови при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почетокот на оваа недела го одбележа со одржување Форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

На Форумот беа претставени ИПАРД можностите за македонските рурални средини.

Презентации имаа Секторот за одобрување на проекти и Секторот за одобрување на исплати од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, под модераторство на Телото за управување со ИПАРД.

Презентациите и дискусиите се однесуваа за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”, Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” и Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси”. За сите мерки посебно беа објаснети начините за поднесување на барања за финансиска поддршка и барањата за исплата, и особено сите потребни документи при поднесувањето на барањата.

Треба да знаете
Последни објави