Нов ПРОМО депозит, како дополнување на палетата депозити, со атрактивни услови и креиран за месецот на штедење од Халкбанк

Овој октомври, во светскиот месец на штедење, Халкбанк АД Скопје подготви нов промотивен производ за штедење – ПРОМО депозит кој нуди можност за орочување на средствата на 13 и 25 месеци. Новиот депозитен производ е наменет за физички лица и овозможува штедење во денари или во евра. Понудата за Промо депозит важи во месецот на штедење, односно од 01.10 – 31.10.2020 година.

Минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра, а каматната стапка е фиксна за периодот на орочување. Кај депозити кои се орочени на 13 месеци, каматата изнесува 0,70 отсто за заштеди во денари, односно 0,50 отсто за депозити во евра. За орочување на период од 25 месеци, каматната стапка изнесува 1,40% за денарско штедење, односно 0,90% за штедење во евра. Исплатата на каматата, зависно од договорот, може да биде месечна или на крај на периодот на доспевање.

За сите оние кои овој октомври ќе решат да почнат да штедат, на располагање им стојат и други депозитни производи од Халкбанк прилагодени на различните потреби и желби на клиентите.

Корисниците на електронско банкарство на Халкбанк имаат можност да креираат депозит и онлајн, што е овозможено со иновативниот производ – Онлајн депозит. Клиентот може да ги орочи своите средства на 6, 12 и 24 месеци, со најдобри фиксни каматни стапки, и притоа нема потреба да посети филијала и да потпишува Договори за депозити, туку депозитот може да го креира со неколку клика преку својот компјутер.

Физички лица кои имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања, во Халкбанк можат да го искористат производот Мој депозит кој дава можност, доколку клиентот има потреба од повлекување средства, на повлечениот дел од депозитот да му се пресмета камата по видување според Одлуката за утврдување на висината на пасивните каматни стапки на Банката, додека за останатиот дел се пресметува камата по договор. Отворениот депозит е идеален за оние кои штедат секојдневно бидејќи нуди можност за дополнителни и повеќекратни уплати во текот на едногодишниот договор за орочување. Клиентот има опција да го надополнува депозитот и преку електронско и мобилно банкарство или со траен налог.

Халкбанк не го заборава и штедењето за најмладите за кои е креиран Халки како дел од Детското штедење кое е со фиксни каматни стапки, рок на орочување до 60 месеци и можност за повеќекратни уплати. За корисниците на Mastercard Debit Contactless картичката на Халкбанк, пак, е креиран производот Е-Касичка со кој може да се штеди при секое плаќање. Со секоја трансакција направена со овој тип на картичка на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на било која банка, одреден износ зголемен над износот на ПОС трансакцијата ќе се трансферира на посебна штедна сметка (наменета исклучиво за овој тип на штедење).

Кај Генерално штедење со фиксна каматна стапка, постои можност за исплата на каматата месечно или на крајот на периодот на орочувањето. Валути во кои се орочуваат средствата се: денари, евра и американски долари.

Никогаш не е доцна да се почне со штедење. Треба само да се избере производ кој одговара на потребите и банка која ќе биде сигурен партнер. А тоа, овој октомври, може да биде токму Промо депозитот и Халкбанк.

Треба да знаете
Последни објави