Тројца возачи повредени во „карамбол“ кај Џевахир

На 16.09.2020 во 07.45 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварите Србија, Трета македонска бригада и Дванаесетта македонска бригада во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(38) од Скопје, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(29) од Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.Б.(58) од Скопје.

Во незгодата тројцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави