Тешко повредени четворица моторџии во сообраќајки кај Маврови Анови и Враништа

Во СВР Тетово вчера околу 17:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови, во близина на Врбенски манастир, мотоцикл „хонда”, со швајцарски регистарски ознаки, управуван Б.Н.(38) од гостиварско Чегране, а на кој се превезувала и 26-годишната И.И. од Република Албанија, излетал од коловозот.

Мотоциклистот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување лекарска помош. Извршен бил увид.

На 15.09.2020 година во 19 часот на регионален пат Струга – Дебар, кај селото Враништа, се случи сообраќајна незгода во која мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.З.(44) од Враништа, излетал од патот. Возачот на мотоциклот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани  тешки  телесни повреди.

Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобил сопатникот К.Ш. (19) од струшкото село Јабланица. По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи.

Треба да знаете
Последни објави