Search

ПОУЧНА ПРИКАЗНА – Се разбудил мамурен, со МОДРИНКА на окото! Кога ја видел пораката на сопругата почнал да плаче!!

Оваа приказна нè насмеа, се надеваме дека и вас ќе ве насмее.
Марко, среќно оженет човек, се разбудил еден ден мамурен. Цела ноќ ја поминувал со пријателите во кафеана.
Тој дури и не се сеќавал кој го донел дома.
„Пекол“, си помислил, прашувајќи се дали направил нешто лошо минатата вечер. Тој едвај ги отворил очите и станал. Првото нешто што го виде била чаша вода и пилула за главоболка крај креветот.
Марко седнал и ги видел неговите работи уредно наредени на столот пред него. Откако ги зел апчињата, сфатил дека има огромна модринка на окото. Се разбира, тој бил запрепастен!
Наскоро видел порака во бањата, оставена од неговата сопруга. На пораката имало нацртани срциња:
„Драг мажу, си се опијанил синоќа и си направил ср**е. Но, не грижи се! Појадокот е на маса, излегов порано. Те сакам. Твојата Милица“
Марко дошол во трпезаријата, каде го дочекал појадок со кафе и весник. Нивниот син бил таму и веќе појадувал. Марко го прашал:
„Сине, што се случи синоќа?“
„Дојде дома околу 3. часот наутро и беше пијан и луд. Падна на маса во дневната соба и направи штета. Потоа повраќаше по целиот стан и удираше во вратата. Така ја заработи модринката на окото“, рекол синот.
Комплетно збунет, го праша својот син:
“Па, зошто мајка ти е во толку добро расположение, па дури ми направи и појадок?”
Синот одговори:
„А, да! Кога мама синоќа те соблекуваше во спалната соба, ти постојано повторуваше: ‘Остави ме сам, јас сум женет’!“
Се чини дека ова било доволно за да се компензира целата штета на пијанството.

Треба да знаете
Последни објави