Шилегов: Универзална нема да се урива

Очигледно е дека јавноста сака постојниот објект да се реставрира. Затоа велам дека решението ќе излезе само по себе. Моето лично мислење е да имаме квалитетен мултифункционален објект на друга локација и да ја реставрираме Универзална сала која својата основна намена како концертна сала ќе си ја задржи, вели скопскиот градоначалник, Петре Шилегов во интервју за „Слободен печат.“

„Универзална е габарит кој што ги надминува правата на еден човек да одлучи за нејзината судбина, па макар тој човек да е градоначалникот на Скопје. Токму заради тоа, иднината на Универзална е работа во која треба да се вклучи целокупната политичка и стручна јавност како и обичните граѓани. Универзална, освен што е концертна сала, има свое наследство кое според мене е наследство на формирањето на современата македонска култура. Таму се одржуваше Скопски фестивал, Џез фестивал, Златно славејче и безброј концертни настани и затоа мислам дека таа не е само симбол на градот Скопје туку и многу повеќе од тоа. Затоа и ги отвораме дебатите во јавноста. Во не така дамнешното минато, нас ни ги соопштуваа решенијата, а јас сакам да дојдеме до решение со општ консензус. А ако не постигнеме консензус, спремен сум дури и да ги поставиме можностите на референдумско прашање пред граѓаните. Но, прво мораме да ги разработиме можностите што се нудат. И тоа е дебатата која се одвива поинтензивно последната недела. Успеавме да ја вратиме Универзална во фокусот на вниманието што мислам дека е добра појдовна основа за да добиеме квалитетно решение на крај, вели Шилегов.

Целото интервју тука

Треба да знаете
Последни објави