Двајца велосипедисти завршиле во болница, се судриле на Кеј

На 28.07.2020 во 20.00 часот на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван С.А.Д.(52), а другиот од Н.К.(35), и двајцата од Скопје.

По незгодата, велосипедистите биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни,  а на Н.К. телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави