Search

Холивудски БФФ клуб! Пет актерки ѝ помогнаа на Сандра Булок да го прослави својот 56-ти роденден

Пријателствата во Холивуд тешко се создаваат бидејќи има толку многу конкуренција за улоги и актерките патуваат многу често на снимање филмови.

Но, низ годините се формира женски селебрити-круг со голема моќ,  и тие ја покажаа својата моќ овој викенд.

Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кукс, Сара Полсон и Холанд Тејлор сите се собраа на 56-от роденден на Сандра Булок во неделата во Лос Анџелес. Помеѓу нив или сите заедно снимиле 200 филмови и заработиле околу 1 милијарда долари.

Славеница! Петте актерки се собраа на 56-тиот роденден на Булок во неделата попладне.

Џенифер Анистон (51) на својот Инстаграм сподели неколку фотографии од дружбата во надворешен амбиент поради глобалната здравствена криза. Сите се облечени скромно за неформална седенка надвор.

Џенифер и Сандра се пријателки речиси една деценија, а ги запозна нивен заеднички пријател.

Треба да знаете
Последни објави