(Фото) Загина пешак на обиколницата пред Кондово

На 26.07.2020 околу 10.10 часот на автопат Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за село Кондово, џип „бмв Х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(57) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(70) од село Мојанци, скопско.

По незгодата, Т.Н. бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави