Моторџија загина на Плачковица по судир со „голф“

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш вчера изврши увид на регионалниот пат Радовиш-планина Плачковица, каде во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога мотор марка „јамаха“, управуван од Б.Е.(38) од Радовиш, удрил во автомобил „фолксваген голф“ со кој управувал И.А.(28) од Радовиш.

Од ударот, моторот излетал надвор од коловозот, во стрмен дол. Со итна медицинска помош моторциклистот веднаш е префрлен во штипската болница, каде им подлегнал на здобиените повреди. Возачот и сопатниците во „голфот“, В.Ј.(28) и М.С.(25) биле лесно повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на трагите пронајдени на лице место, а местото е фотографирано и скицирано. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице, како и за анализа на примероци од крв и урина од возачот на другото возило. Дополнително, во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа, по наредба на јавниот обвинител ќе се врши сообраќајно вештачење.​​

Треба да знаете
Последни објави