Слониците Дуња и Даела се здушија по вчерашниот инцидент во ЗОО

По вчерашниот инцидент кога двете слоници Дуња и Даела во скопската зоолошка градина се стуркале меѓу себе која да земе повеќе храна, повторно се здушиле. При инцидентот Дуња удрила во столб за електрична енергија, па посетителите морале да бидат евакуирани.

Вработените во ЗОО Скопје, инфрмираат дека Даела и Дуња се здрави и безбедни и без недоразбирања уживаат во оброкот кој го добиле денеска.

Зоолошката градина денеска работи редовно, граѓаните може да поминат прекрасни мигови во дружба со животните.

 

Треба да знаете
Последни објави