Физички нападнат новинарот Љупчо Златев

Новинарот Љупчо Златев утрово бил нападнат во еден скопски ресторани во близина на гимназијата „Орце Николов“, објави Курир.

Според порталот, човек, кој се испоставило подоцна дека е лично обезбедување на семејството на еден македонски бизнисмен, го нападнал Златев.

Напаѓачот претходно му се доближил на новинарот и по куса вербална расправија го нападнал.

Настанот веднаш бил пријавен во полиција и се очекува повеќе детали во текот на денот.

Курир пишува дека нападот доаѓа откако новинарот деновиве објави повеќе скандали и афери за еден поранешен македонски функционер, а сегашен бизнисмен.

Треба да знаете
Последни објави