Казни од по 2.000 евраа за 23 скопјани за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на определeниот полициски час, лицата се движеле на различни локации во градот.

За сите обвинети обвинителството предложи парични казни од 100 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави