Државната изборна комисија утре ќе одржи седница на која ќе се донесе заклучок за објавување на конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори.
По завршувањето на оваа седница, ќе следи свечена седница на која ќе се доделуваат уверенијата за избраните пратеници.