(Фото) Судир на “бмв” и џип во Аеродром, еден повреден

Едно лице е повредено во судир на две возила попладнево во Аеродром, дознава 24Инфо.

Според МВР, сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од булеварите Јане Сандански и Србија, после “Веро”.

Во судирот учествувале автомовил “бмв” со скопски регистерски ознаки и џип со битолски ознаки.

Според првичните информации, лице од џипот е пренесено во болница, најверојатно со лесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави