Албанец е убиениот и закопан кај Јасен

Албански државјанин, кој пред неколку недели бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје.

– Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Северна Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет, пренесуваат медиумите во Албанија.

Албанскиот медиум Балкан веб наведува дека станува збор за Рик Беу (35), жител на Кревиди кај Каваја.

Неофицијално, станува збор за лицето чиј труп беше пронајден на 15 мај, на местото викано Осој во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен.

Од МВР нема информации до каде е истргата за убиството.

Треба да знаете
Последни објави