Скопјанка обвини петмина малолетници дека ја силувале нејзината 13 годишна ќерка

На 20.07.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, 41 – годишна жена од Скопје пријавила обљуба врз нејзината 13 – годишна ќерка.

Според пријавеното, кон крајот на 2019 малолетничката најпрво контактирала преку социјалните мрежи со пет малолетници од Скопје, со кои се познавала од претходно, а потоа имале и интимни контакти.

За настанот е известен тим од Центарот за социјални работи и Jавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави