Кумановец за време на полициски час од автомобил пукал низ градот

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Г.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и против Е.И.(21) и Д.А.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 18.05.2020, за време на забрана за движење – полициски час, пријавените се превезувале во патничко возило „голф“, движејќи се со голема брзина по булевар Трета македонска ударна бригада кон улицата ЈНА во Куманово.

При то Б.Г., како сопатник во возилото, преку отворен прозорец испукал четири проектили од огнено оружје непозната марка кон неколку куќи и со голема брзина заминале кон улицата Благој Илиев Гуне во Куманово, при што го загрозиле животот на луѓето кои биле во дворовите.

Треба да знаете
Последни објави