(Видео): „Спарк“ се залепи во „бмв“ кај Скачковце

На Јутјуб се појави снимка од сообраќајната несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај село Скачковце. На видеото се гледа како автомобилот „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки вози од една во друга лента и на крај возејчи во спротивната лента се судира со друг автомобил.

Според полицискиот билтен спаркот го управувал М.З.(21) од селото Скачковце, кумановско, а се судрил со патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово.

„По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, соопштија од МВР.

Треба да знаете
Последни објави