Пилотот на Мекларен, Карлос Сајнц го кажа соето мислење за настапите на Ферари во сезоната 2020 во Формула 1.
Од 2021 година, Шпанецот ќе стане тркач на италијанскиот тим, заменувајќи го Себастијан Фетел.
– Многу луѓе прашуваат дали одлуката ми пречи, дали се каам за тоа. Ова не е прашање на кое треба да се одговори сега. Премногу е рано да се суди за ништо оваа сезона. Сите треба да бидеме трпеливи. Сите видовме како автомобилите можат да се променат во една сезона, погледнете како се смени Рејсинг Поинт во однос на минатата година и како се смени Ферари. Во Формула 1, овој процес никогаш не запира, така што не се грижам за тоа што се случува сега, затоа што за една година сè може да се промени, изјави Сајнц.
Тој додаде дека оваа сезона главна цел ќе му биде што подобар пласман со Мекларен.
– Сега размислувам за мекларен, а кога ќе дојде време ќе се фокусирам на Ферари, дополни Сајнц.