Search

Боки: Камчев го снимаше и Заев кому му требаа тројца пратеници под негова контрола

Бојан Јовановски во продолжение од денешното рочиште преку фотографии изведени во досегашниот тек од процесот ги дава завршните зборови. Тој меѓу другото рече дека предметот бил исконструиран од Орце Камчев со помош на бугарски служби и дека не е јасно зошто не е гонет за шпиунажа.

-На 2 април лани Орце Камчев се сретнал со тогашниот премиер, Зоран Заев во присуство на бугарски агенти блиски на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и му рекол дека има докази против мене. Дури и го снимал Заев. Знам дека е така и оти рекол “ќе му ебам матер на педерот и на дебелата”. Ден потоа мене ми се јави Заев и побара да ги “разгледаме доказите” рече Боки.

Тој тврди дека Заев му рекол дека бил наљутен на Јанева оти отворила предмет Империја против Сашо Мијалков и Орце Камчев.

-Прашуваше како може Јанева да отвара случај против Камчев кој имал тројца пратеници, а Мијалков и повеќе пратеници кои можат да му донесат гласови за референдумот. Сведок сум дека им се ветуваше на двајцата олеснување во постапката за да влијаат врз пратеници да се изгласа промена на Уставот, рече Боки.

Според Јовановски, предметот против него бил да се отргне вниманието од тие работи, а немало никакви докази. Затоа не се вештачи неговиот мобилен.

– Па каде се парите кои наводно сум ги зел од Камчев? Па Камчев никому пет пари не дава, а не пак на мене милион евра за да излезе од притвор. А Рускоска еднаш ми побара чевли од Италија кога преку Ватсап се слушнавме во Белград, каде случајно се погодивме, но не се видовме а јас и реков дека ќе одам во Италија, рече Боки.

Бојан Јовановски во завршниот збор побара да биде ослободен за Рекет.

-Првата опција е врз основа на доказите кои ги нема да донесе Судот ослободителна пресуда. Втора опција е “црвениот телефон” кој значи затвор, но има едно усб кое ќе излезе во јавноста ако не се вештачи мојот телефон. Таму е се снимено. Не е точно дека “Алчноста на Катица Јанева го урна СЈО”. Скромноста и чесноста е карактеристика на Катица Јанева што се сосема спротивни карактеристика од тие на Рускоска. Најдобро би било обвинителот да стане и да каже дека го повлекува обвинението, тоа би било најдобро, но нема да се случи рече Боки.

Треба да знаете
Последни објави