Кисела Вода ќе изврши целосна реконструкција на ул. „Милан Мијалковиќ” во Пржино, а во УЗ „Цветан Димов“ ќе гради атмосферска канализација

Општина Кисела Вода преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка овој месец ќе започне со реализација на еден од најголемите проекти.

Во периодот што следува, Општината во населбата Пржино во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри ќе изврши целосна реконструкција на ул. „Милан Мијалковиќ”. На улицата, со ширина од 1,5 метри ќе бидат обновени и тротоарите од двете страни.

Локалната самоуправа во истовреме, големи градежни зафати ќе започне и во урбаната заедница „Цветан Димов”, каде во следните 8 месеци во должина од 2658 метри ќе се поставува нова атмосферска канализација. По завршувањето на овој зафат бенефит од него ќе имаат над 1500 жители.

Треба да знаете
Последни објави