ЈУ Универзална сала и Skopje Light Art District со видео проекција за благодарност до сите што се борат против Корона вирусот

ЈУ Универзална сала и Фестивалот на светлината “Skopje Light Art District”, во рамки на проектот на Град Скопје, „Култура во време на Корона“, во знак на благодарност изработија видео инсталација.

Со видео проекцијата на влезот на Универзалната сала, се искажа благодарност до сите поединци и групи кои периодов работеа и уште напорно работат во светот и се во првите борбени редови против пандемијата на новиот Корона вирус.

Сите тие се главните фактори кои го овозможуваат функционирање на државите и економмиите.

Видео инсталацијата е направена од пријатели и соработници на “Skopje Light Art District”, а пораките за благодарност во видеото се испишани на повеќе светски јазици.

Треба да знаете
Последни објави